Манчестер Сити е блиску до договор со Борусија Дортмунд околу трансферот на Мануел Аканџи, објавија медиумите на Островот, додавајќи дека англискиот премиерлигаш треба да плати околу 17,5 милиони евра. Аканџи, 27-годишниот швајцарски дефанзивец, се уште нема играно за клубот од Дортмунд оваа сезона и е во последната година од договорот.
Според тоа, се верува дека може да се постигне договор меѓу Манчестер Сити и Борусија Дортмунд за овој трансфер.
Менаџерот Пеп Гвардиола има четворица одбранбени играчи, од кои Ејмерик Лапорт сезонава нема играно поради повреда. Ги користеше Рубен Дијаш, Џон Стоунс и Нејтан Аке.