Италијанскиот првак Милан ремизираше без голови на гостувањето против Сасуоло. Херој на „росонерите“ е голманот Мајк Мањан кој во 23.минута му одбрани пенал на Доменико Берарди.

На стартот на вториот дел Берарди се повреди и мораше да биде заменет, а најубавата шанса за Милан ја пропушти Оливие Жиру.