Арон Ремзи денеска го имаше своето деби во дресот Ница каде направи трансфер како слободен агент пред само неколку дена.
Ница клубот предводен од Лусиен Фавре гостуваше кај Тулуз, а Ремзи имаше деби од соништата затоа што беше стрелец на единствениот погодок за својот тим на оваа средбаНатпреварот заврши без победник, 1:1, а Ремзи го пронајде патот до мрежата на домашниот тим во 78. минута, само една минута откако влезе во игра.
Претходно Тулуз го отвори резултатот со голот на Далинга уште во 20. минута од натпреварот.
Второто големо засилување за Ница, Каспер Шмајхел беше на клупата за резервни фудбалери и се очекува да добива редовна минутажа веќе од следниот натпревар.