Нашиот репрезентативец, Марио Илиевски постигна нов гол во дресот на ЦСКА 1948 во првата лига на Бугарија.
Пред неколку дена напаѓачот погоди против Левски, а денеска ја најави победата на неговиот тим на гостувањето во Пловдив кај Локомотив.
Марио одново не беше стартер, меѓутоа откако доби шанса веднаш ја искористи и во 71 минута беше стрелец за водство од 1-0. Седум минути подоцна страшен гол постигна Карагарен за потврдата на трите бода на екипата од Софија (2-0).
Ова за Илиевски беше трет гол на шестиот натпревар во бугарскиот шампионат.
ЦСКА 1948 со 12 бода е на шестата позиција на табелата.