Екипата на Спарта Прага триумфирашеу убедливо над австрискиот РБ Салцбург (3-0) на враќањето во Лигата на шампионите по повеќе од една деценија, а голот на натпреварот го имаше албанскиот интернационалец Ќазим Лачи.
Лачи го постигна третиот гол на натпреварот, а беше мало ремек дело. Откако доби топка во казнениот простор околу него имаше двајца стопери, тука беше и голманот. Со „лажен шут“ тој ги исфрли тројцата од игра, па погоди во празната мрежа.
Голот на Лачи сигурно ќе биде во конкуренција за еден од најубавите во 1. коло на Лигата на шампионите.