Црвена Звезда е во тешка ситуација и ќе има тешка задача да избегне пораз во натпреварот против Бенфика бидејќи српскиот гигант по половина час игра има негатива од 0-2.
Бенфика во водство дојде во 9. минута со голот на Актуркоглу, а на истекот на половина час игра Кокчу од слободен удар го совлада Глазер за 0:2. Шутираше фудбалерот на португалскиот тим на страната на голманот на Звезда кој не беше најдобро поставен, па топката заврши зад неговиот грб.