После четири натпревари без победа Баерн Минхен вечерва конечно освои три бода во Бундеслигата откако го совлада Баер Леверкузен со убедливи 4-0 во рамки на 8.коло.
Победникот беше решен уште во првото полувреме кога домашниот тим имаше предност од 3-0. Уште во третата минута погоди Лирој Сане за да го отвори резултатот. Џамал Мусиала зголеми на 2-0, а Садио Мане во 39.минута го постигна третиот гол за Баерн.
Точка на натпреварот стави Томас Милер во 84.минута откако доби подарок од голманот Храдецки.