Реал Мадрид и Барселона ќе ги одмерат силите вечерва во 32.коло на Ла Лига. Тоа е 257. издание на најголемиот дерби натпревар во светот, популарното Ел Класико, кое конечно може да ги бетонира „кралевите“ на врвот или да создаде прашање за титулата на уште шест кола до крајот на сезоната.
Домаќините влегуваат во дуелот на „Сантијаго Бернабеу“ како фаворити, а и со зголемена самодоверба по елиминацијата на Манчестер Сити во Лигата на шампионите.
Во исто време, расположението во Барселона е спротивно по тешкиот пораз и елиминацијата од ПСЖ.
На табелата, Реал Мадрид е лидер со 78 бода, осум повеќе од Барселона. До крајот на сезоната остануваат уште седум кола, а победа на „кралевите“ во голема мера ќе им ја гарантира титулата.
Реал Мадрид оваа сезона има две победи над Барселона – првенствена (1-2) на „Камп Ноу“ и за Суперкупот на Шпанија со 4-1.