И деветти пат по ред, екипата на Денвер Нагетс излезе како победник во дуелите со Лос Анџелес Лејкерс откако триумфираше во првиот меч од плејофот серијата во првата рунда, со 114-103.

Гостите од Калифорнија се обидоа со сите сили да го запрат српскиот див Никола Јокиќ, целата одбрана беше насочена кон него, но не успеаја во тоа. Можеби таквата тактика беше погрешна бидејќи поради вниманието кон Јокиќ, Мареј, Портер и Гордон добија повеќе простор и го искористија тоа, но прашање е дали евентуалното нивно затворање ќе донесеше успех.

 

 

Лејкерс подобро го започнаа натпреварот и со исклучок на првите неколку минути, водеа цела прва и повеќе од половина втора четвртина. Највисокото водство изнесуваше 12 поени разлика (49-37), но не го искористија тоа за да го уништат ривалот. Кога веќе ја пропуштија шансата, Денвер во третиот квартал ја презеде контролата над резултатот и по серијата од 13-0, поведе со 89-75. Тоа беше решавачки период на мечот затоа што во последната четвртина, предноста ретко се симнуваше на едноцифрена вредност, па Денвер мирно го приведе натпреварот кон крајот.

 

Ентони Дејвис и Леброн Џејмс одиграа извонреден меч, првиот постигна 32 поена и 14 скока, а вториот 27 поени, но немаа помош од соиграчите. Јокиќ беше најдобар кај Денвер со 32 поена, 12 скока и 7 асистенции, но се истакнаа уште Мареј со 22 поена и 10 додавања, Портер со 19 поен и 8 скока и Гордон со 12 поени, 11 скока и 7 асистенции.

На почетокот од првата рунда од плејофот, сите домашни екипи го искористија својот терен и поведоа со 1-0.

РЕЗУЛТАТИ
Денвер – ЛА Лејкерс 114-103
Њујорк – Филаделфија 111-104
Филаделфија – Минесота 120-95
Кливленд – Орландо 97-83