Бојан Богдановиќ одигра фантастичен меч, постигна 38 поени, но немаше поддршка од соиграчите за да го совладаа Лејкерс, гостите победија со 124-117, Џоел Ембид со 53 поени ја предводеше Филаделфија до триумф над Шарлот.

Хрватскиот кошаркар, Бојан Богдановиќ одигра брилијантен меч против Лејкерс, со 38 поени беше најефикасен на теренот, но вториот кошаркар на Детроит по број на поени на овој натпревар беше Ајви со 16 поени.
Леброн Џејмс и Ентони Дејвис доминираа на паркетот. Леброн постигна 35 поени, а Дејвис 34 поени и 15 скокови. Тие беа најзаслужните за триумфот од 124-117.

 

Ембид оваа сезона повторно одигра натпревар со над 50 поени. Тој со 53 поени ја предводеше Филаделфија до триумд над Шарлот од 131-113. Најефикасни кај Шарлот беа Убре и Розиер со по 29 поени.

 

Резултати:
Њу Орлеанс – Феникс 129:124
Детроит – ЛА Лејкерс 117:124
Њујорк – Сакраменто 112:99
Орландо – Торонто 111:99
Филаделфија – Шарлот 131:113
Атланта – Чикаго 123:122
Хјустон – Милвоки 97:92