Најдобриот македонски кошаркар Ненад Димитријевиќ одигра блескава партија за Уникс Казањ во натпреварот за третото место на ВТБ Суперкупот против српски Партизан.
Нашиот интернационалец постигна фантастични 30 поени против „црно-белите“ и го предводеше рускиот тим до триумф од 83-77.
„Среќен сум за победата. Да се победи тим што игра во Евролигата е големо нешто. Се надевам дека ќе можеме да го повториме успехот и на следните натпревари во ВТБ Јунајтед лигата и во првото коло против Зенит“, изјави по натпреварот Димитријевиќ.