Словенечкиот ас постигна дури 15 поени во првата четвртина, Летонецот го следеше и застана

Далас не успеа да остане на победничката патека. По победата на мечот со Лос Анџелес Клиперс, Мавси му гостуваа на Вашингтон, кој ги остави со наведнати глави – 114:120.

Лука Дончиќ и неговиот тим (без Бобан Марјановиќ во игра) мораа да му ја честитаат победата на ривалот по четврти пат во последните пет натпревари.

Словенечкиот ас имаше партија во негов стил, постигнувајќи 33 поени (од кои 15 веќе во првата четвртина), со 10 асистенции и четири скока. Но, тоа не беше доволно. Интересно, и покрај дабл-дабл учинокот, Дончиќ заврши со негативен учинок (-11).

Гостите ги предводеше Бредли Бил со 26 поени и седум асистенции. Се истакна и Кајл Кузма со 22 поени и девет скока.

НБА – РЕЗУЛТАТИ

Филаделфија – Минесота 120: 121, по две продолженија

Атланта – Њујорк 90:99

Бруклин – Феникс 107: 113

Чикаго – Мајами 104:107

Кливленд – Орландо 105: 92

Хјустон – Шарлот 146: 143, по продолженија

Далас – Вашингтон 114: 120

Јута – Њу Орлеанс 127:105