Каталонскиот гигант Барселона се чини дека ја пронајде замената за Серхио Агуеро, кој најверојатно ќе биде приморан да ја прекине кариерата поради проблеми со срцето. Прославениот аргентински напаѓач оваа сезона речиси и да не играше во Ла Лига, а најновите здравствени проблеми веројатно ќе стават и крај на неговата богата кариера.
Барселона се најде во неволја, но според медиумите блиски до клубот, местото на Агуеро наскоро би можел да го заземе Бразилецот Артур Кабрал.
Станува збор за 23-годишен напаѓач на Базел кој игра во одлична форма откако минатата година швајцарскиот клуб го откупи неговиот договор од Палмеирас. Артур Кабрал прво играше на едногодишна позајмица и постигна 14 гола на 26 првенствени натпревари. Во меѓувреме во дресот на Базел на 56 првенствени натпревари постигна 42 гола.
Кабрал е под договор до 2023 година, па би можел да биде достапен по прифатлива цена за Барселона.