Ливерпул ја прекина победничката серија во Премиерлигата, откако одиграа 1-1 против Астон вила во 37. коло од првенството, додека Манчестер јунајтед славеше на гостувањето кај Борнмут со 1-0.
Астон вила имаше шанса да поведе уште во 22. минута, кога Воткинс промаши пенал, но неговата грешка ја корегира Рамзи во 27. минута кога погоди за 1-0.
Ливерпул се мачеше во нападот и тешко ја пробиваше одбраната на Астон вила, па до израмнување стигна дури во 89. минута преку Роберто Фирмино.
Манчестер јунајтед со голот на Касемиро освои три бода на гостувањето кај Борнмут и така се наоѓа на чекор до пласман во Лигата на шампиони (ЛШ).
На останатите натпревари, Фулам одигра 2-2 против Кристал Палас, додека Вулверхемптон ремизира против Евертон (1-1).