Баерн Минхен загуби на домашен терен со 1-3 од РБ Лајпциг и си направи големи проблеми во одбраната на титулата во Бундеслигата.
Серж Гнабри донесе водство за баварскиот гигант во 25. минута, но во второто полувреме следеше вистински шок за домаќините.
Лајмер израмни на 1-1 во 65. минута, по што Нкунку и Шобослаи од пенали стрелаа за целосен пресврт и триумф на Лајпциг од 3-1.
Баерн има 68 бодови на првото место по 33 одиграни меча, односно еден повеќе од Борусија Дортмунд која со победа може да го преземе лидерското место во првенството.