Фудбалската звезда Лионел Меси ја одби понудата на Ал-Хилал од Саудиска Арабија, која му го понуди најголемиот договор во историјата, вреден 400 милиони евра годишно. Според аргентинските медиуми, тој одлучил да остане во европскиот фудбал и најверојатно ќе се врати во Барселона.
Аргентинскиот „TyC Sports“ пренесува дека Меси им рекол благодарам на челниците на Ал-Хилал за понудата. Одбил 400 милиони евра затоа што има желба да игра во Европа.
Доколку ја прифатеше понудата на Ал-Хилал, платата што би ја имал аргентинскиот волшебник е нешто невидено во светот на професионалниот спорт, каде секако има огромни договори.
Бројките се нереални, затоа што Аргентинецот би заработувал 13 евра во секунда, 771 евро за минута, 46.000 евра на час, 1,1 милиони евра дневно и 33,33 милиони евра месечно. Но Лео Меси не прифати да се пресели во Саудиска Арабија.
Меси во изминатите две сезони во ПСЖ имаше договор од 38 милиони евра.