Нотингем Форест триумфираше во дуелот против Арсенал со 1-0 и така го отпиша лондонскиот гигант од трката за титулата, што значи дека трофејот и оваа сезона му припадна на Манчестер сити.
Таиво Авонији беше човекот кој го круниса Манчестер сити за шампион, а воедно му обезбеди и опстанок на Нотингем Форест во елитата.
Арсенал го освои второто место во Премиерлигата, додека Нотингем Форест со победата стигна до 37 бодови и се наоѓа на 16. место во елитата.