Бразилецот Роберто Фирмино денеска го одигра последниот натпревар на „Енфилд“ во дресот на Ливерпул, откако реши на крајот на сезоната да замине како слободен агент од премиерлигашот.
Фирмино пристигна во Ливерпул во 2015 година за 23 милиони фунти од Хофенхајм и притоа со „црвените“ освои неколку титули, меѓу кои и Премиерлигата и Лигата на шампиони (ЛШ).
Легендата на Ливерпул постигна гол против Астон вила (1-1), а потоа се збогуваше со навивачите на премиерлигашот.
„За жал дојде време да заминам од тимот. Многу сум горд на сè што постигнав, заедно испишавме историја“, кажа Фирмино.
https://twitter.com/thisisanfield/status/1659956640194371584?s=20