Фудбалерите на КИ Клаксвик се вистинска сензација во квалификациите за пласман во ЛШ и по елиминацијата на шампионот на Шведска во претходната рунда, славеше и против норвешкиот првак.
Шампионот на Фарски Острови во првиот натпревар од третото квалификациско коло со 2:1 го совлада Молде.
Норвешкиот шампион поведе на стартот од второто полувреме со голот на Еикрем, но КИ Клаксвик во продолжение од мечот направи пресврт благодарение на Фредериксберг. Тој прво 64-та минута погоди за 1:1, а на четири минути пред крајот постигна уште еден гол за триумф од 2:1.
Сигурен настап и речиси обезбеден пласман во следната рунда има ПСв кој пред своите гледачи со 4:1 го победи Штурм, додека Раков во реваншот против Арис Лимасол ќе чува предност од два гола (2:0).
Брага со 3:0 го победи српскиот том ТСЦ, додека Галатасарај славеше со 0:3 на гостувањето во Љубљана кај Олимпија.Галатасарај си ја заврши работата со првиот гол кој го постигна Актуркоглу во првото полувреме, а во вториот дел погодија и Мертенс и Дервишоглу.
Единствениот меч кој вечерва заврши без победник (0:0) беше тој меѓу Копенхаген и Спарта Прага.