Шпанскиот првак Барселона со 4-2 го совлада Тотенхем во натпревар за традиционалниот трофеј „Жоан Гампер“ кој овојпат се играше на Монжуик стадионот каде каталонците ќе ги играат натпреварите додека се реновира Камп Ноу.

Натпреварот почна одлично за Барса. Со гол на Левандовски поведоа уште во третата минута. Но до крајот на првиот дел Скип постигна два голови, го сврте резултатот и на одморот Тотенхем замина со предност од 2-1.

Прво стрелаше прецизно во 24. минута, а дванаесет минути подоцна, постигна ефектен гол со глава и „петлите“ од Лондон имаа минимална предност од 1-2 на паузата.

https://youtu.be/5YjWUFZqlJE

Водството на англискиот тим траеше до 81. минута кога Феран Торес изедначи на 2-2. А во 90. Ансу Фати постигна гол за комплетен пресврт и предност на Барселона од 3-2.

Се чинеше дека тоа е се, но падна уште еден гол, Езалзули Абде погоди во 93. минута за конечни 4-2.