Македонскиот напажач Александар Трајковски ги замолкна критичарите со нов гол за Хајдук Сплит и му донесе победа на својот тим од 1-0 против Славен Белупо во 31. коло од хрватскиот шампионат.
Трајковски се најде на вистинското место во 13. минута при центар-шутот на Јосип Брекало и без проблеми го матира голманот на Славен Белупо за водство од 1-0 за гостите од Сплит.
Натпреварот во продолжение беше израмнет, но не се менуваше резултатот, а голот на Трајковски значеше победа за Хајдук по четири порази по ред во домашната лига.
Хајдук е трет во лигата со 58 бодови, односно осум помалку од Динамо Загреб и 10 бода помалку од лидерот Риека.
https://twitter.com/i/status/1781739907209187403