Партизан постигна историски успех за српскиот фудбал со победата против Спарта Прага (1:0) во првиот натпревар од плеј-офот за елиминациската фаза од Конференциската лига. Србија сега е 11-та на табелата со коефициенти на УЕФА. Благодарение на оваа победа сега Србија дефинитивно ја престигна Украина.
Оваа земја веќе нема клубови во еврокуповите оваа сезона, па Србија сезоната 2023/2024 година ќе има има два претставника во Лигата на шампионите.
Клубот кој следната сезона, 2022/2023 ќе заврши како шампион на српската Суперлига, ќе оди директно во групната фаза од Лигата на шампионите, а второпласираниот ќе започне од второто квалификациско коло од ЛП.
Најзаслужен за ова е Холанѓанецот Квинси Мениг кој во 78. минута одлично ја искористи одличната асистенција на Саша Здјелар. Мениг ја избегна офсајд замката, забележа дека домашниот голман е пред голот и одлично го лобуваше за големата победа не само на Партизан, туку и на српскиот фудбал.