Англискиот премиерлигаш Тотенхем ќе се обиде до крајот на зимскиот преоден рок да го доведе Адам Траоре. Крилниот играч на Вулверхемптон е голема желба на Антонио Конте за засилување во навалната линија и смета дека би формирал одлично трио заедно со Сон и со Кејн.
Тотенхем е подготвен да плати 25 милиони фунти за да го пресели Адама Траоре во Лондон.
Најголема пречка за трансферот е менаџерот на Вулверхемптон, Бруно Лаге, кој сака да го задржи шпанскиот репрезентативец до крајот на сезоната.