Уругвајскиот напаѓач Дарвин Нуњез во летниот преоден рок ќе биде еден од најбараните фудбалери на трансфер-пазарот.

Голгетерот на Бенфика привлекува сериозен интерес од гигантите, а барем засега најконкретни се три клуба. Манчестер јунајтед и Челси од Премиерлигата и ПСЖ од Лига 1.

Цената на Уругваецот е 70 милиони евра, а Бенфика без проблеми ќе го продаде на клубот што ќе ја понуда оваа сума.

Нуњез сезонава има постигнато 31 гол во дресот на Бенфика на 36 натпревари во сите конкуренции.