Македонскиот интернационалец Димитар Митровски константно блеска во хрватското првенство со екипата на Вараждин. На натпреварот против тимот на Шибеник, Митровски постигна гол во 47. минута, за водство од 2-0, а првиот гол го постигна Дабро уште во шестата минута. Шибеник ја  намали негативата на 2-1 во 82. минута преку Кулушиќ, но Вараждин успеа да ја задржи предноста и победата со што ги освои трите бода.

Митровски беше заменет во 78. минута, додека неговите соиграчи, Македонците Јованов и Младеновски беа резерви, но останаа на клупа. Во редовите на Шибеник, поранешниот македонски репрезентативец Леонард Жута го одигра целиот натпревар.

Со овој триумф, Вараждин покажува константна форма, а нашиот Митровски се истакнува како клучен играч оваа сезона.