Олимпик Марсеј ги разочара своите навивачи, откако на „Велодром“ беше поразен со 1-3 од Ница во 22. коло од француската Лига 1.
Ница во завршницата на првото полувреме го шокира домаќинот, и преку Диоп и Лаборд поведе со 2-0, а надежта на домаќинот ја врати Малиновски со погодок дури во 60. минута.
Марсеј имаше 30 минути за да се спаси од пораз и постојано го напаѓаше голот на Ница, меѓутоа не најде начин како да го матира Шмајхел, а казната пристигна преку Брахими во 85. минута, за конечни 1-3.
Ница со оваа победа се искачи на осмата позиција и има 34 бодови, додека Марсеј има 46 бода на второто место.