Милан не е ни бледа сенка на шампионскиот тим од минатата сезона, така беше и на дербито против Интер (0-1) во 21. коло од Серија А.
Интер доминираше на теренот во текот на целото прво полувреме, а до гол стигна преку Лаутаро Мартинез со удар со глава, по еден корнер на Чаханоглу во 34. минута од средбата, додека Милан не се закани ниту еднаш до крајот на првиот дел.
Тренерот на Милан, Стефано Пиоли стартуваше со дефанзивна формација, направи неколку измени на почетокот на второто полувреме, меѓутоа ништо посебно не се промени во играта на „росонерите“, а Интер повторно ја имаше контролата врз средбата и на крајот освои три бода.
Интер во моментов се наоѓа на второ место со 43 бода, односно 13 помалку од лидерот Наполи, додека Милан е на шестата позиција со 38 бода.