Тинејџерот порасна десет сантиметри во последните 12 месеци и сега како 16-годишник е уште понезгоден за ривалите и поради фактот што стекна и мускулна маса, а како играч кој очигледно се издвојува од своите врсници, Јамал вели дека сите потези ги научил на улица.
– Научив да играм фудбал на улица. Се сеќавам дека имав само четири години кога се враќав дома и пред мојот дом играа мојот татко и постариот братучед. Тоа беше првиот момент на кој се сеќавам, така се заљубив во топката. Мислам дека повеќе време минав во паркот и на улица, отколку дома.
– Секогаш кога излегував надвор, тоа го правев за да играм фудбал. Знаев да бидам и голман, често добивав удари во лице, но никогаш не плачев. Секогаш си одев дома со рани и баба ми ме прашуваше од каде се враќам.
– Се сеќавам колку бев неподготвен на првиот тренинг во Барселона. Не знаев ниту да се загревам, не знаев да направам ништо. Моите почетоци беа неверојатни и покрај тоа, за мене Барселона е мојот дом, Барселона ми е се што имам, – вели Јамал.