Напаѓачот на Барса, Жоао Феликс ги пропушти последните четири натпревари на Барселона поради повреда, но сега се чувствува добро и ќе биде во тимот за дуелот со Наполи од Лигата на шампионите.
Португалецот лечеше повреда на скочниот зглоб, но веќе неколку дена тренира и денеска не почувствува никакви проблеми.
Од клубот открија дека тој учествувал и во дел од групната активност на составот на Чави.
Неговото отсуство не се почувствува бидејќи Каталонците освоија 10 од 12 можни бода на средбите со Осасуна (1-0), Алавес (3-1), Гранада (3-3) и Селта (1-2).
Жоао Феликс е позајмен од Атлетико Мадрид со договор до лето без откупна клаузула.