Екипата на Евертон одигра нерешено во 25. коло од англиската Премиер лига на домашен терен 1-1 (0-0) против многу незгодниот тим на Кристап Палас.
Во првото полувреме немаше поголеми возбудувања за публиката, двете екипи играа многу внимателно и имаа само по една шанса на двете страни, а на паузата останаа почетните 0-0. Сликата се промени во вториот дел, а најпрво гостите го отворија резултатот во 66. минута, кога Џордан Ају беше прецизен за 0-1.
Евертон беше решен да не загуби и тргна во голема офанзива, а притисокот вроди со плод дури во последните десетина минути од дуелот. Се играше 84. минута, кога Белгиецот Амаду Онана успеа да го израмни резултатот и донесе голема радост за домашните навивачи, а овој гол воедно се покажа и како конечен на овој дуел.
Евертон до крајот на мечот се обиде да направи комплетен пресврт и евентуален триумф, но гостите од Лондон го издржаа налетот и извојуваа реми од 1-1. Кристал Палас сега има 25 бода и ја зазема 15. позиција на табелата, додека Евертон е две места подолу, со вкупно 20 бодови на своето конто.