Сѐ изгледаше дека ќе биде лесен триумф за Јунајтед кога најтрофејниот англиски клуб со два гола на Хери Мегваер (34.) и Бруно Фернандеш (45+5) донесоа предност од два гола, но следеше шок за една минута во воведните десет од вториот дел.
Родриго и Рафиња дадоа по еден гол во 53-та и 54-та минута за Лидс да се врати во егал, а повторно се вратија стравовите кај навивачите на „ѓаволите“ дека нивниот клуб може да прокоцка и два гола предност. Но, Фред на 20 минути пред крајот се погрижи за три бода, па донесе ново водство кое го трасираше патот кон триумфот, за Еланга на минута пред крајот да стави печат на победата.