Баварците примија гол во првиот дел од фенерџијата, откако Хргота погоди на две минути пред полувремето, но Баерн набрзина во 15-те воведни минути од вториот дел го сврте резултатот во своја корист, за на крај и убедливо да триумфира.
Роберт Левандовски во 49-та погоди за израмнување, Грисбек по еден час игра си даде автогол за водство на Баварците, а во завршницата Левандовски со својот втор гол на осум минути пред крајот даде и трет гол за Баерн, а печат на победата стави Чупо Мотинг во првата минута од судиското надополнување.
За Баерн ова беше 18-та победа од 23 кола досега и со 55 бода е прв, девет пред втората Борусија Дортмунд која има 46, додека Гројтер Фурт остана последен по 15-от пораз со 13 бода, десет помалку од првиот над опасната зона, Херта која има 23 бода.