Репрезентативецот на Македонија Доријан Бабунски почна да решета во Унгарија, откако зимава направи трансфер од бугарски Ботев Враца во Дебрецин, каде игра и неговиот брат Давид, па вечерва со неговите два гола донесе голема победа на гостувањето кај второпласираната Пушкаш Академија.
Бабунски по само 17 минути игра го отвори мечот, а потоа на 20 минути пред крајот додаде и втор за да ја запечати победата. Одигра 73 минути по што беше заменет, а неговиот брат Давид играше од стартот до 61-та минута кога беше изваден од игра.
Целиот натпревар може да го видите ТУКА.
Дебрецин со оваа победа сега има 25 бода и е на осмото место, а Пушкаш Академија остана втора со 40 бода, два зад лидерот Ференцварош.