Екипата на Ал-Ахли од Саудиска Арабија и официјално достави понуда до Барселона за репрезентативецот на Брегот на слоновата коска, Франк Кеси.
Арапите на “каталонците“ им нудат обесштетување од 20 милиони евра, а на фудбалерот годишна плата од 10 милиони евра. Кеси според Трансфермаркет вреди 25 милиони евра, па останува на раководството на клубот да одлучи дали оваа сума е доволна.
Барселона инсистира на продажбата на неколку фудбалери за да обезбеди пари за нови засилувања, но и за да може и официјално да го регистрира Илкај Гундоган кој пристигна од Манчестер Сити.