Јувентус го запиша вториот пораз по ред во Серија А, откако Сасуоло славеше со 1-0 во 30. коло од првенството.

Јувентус беше подобар противник во првото полувреме, но не ги искористи своите шанси, по што контролата врз натпреварот ја презема Сасуоло и го постигна единствениот гол на мечот преку Дефрел во 64. минута.

„Старата дама“ во моментов има 44 бодови на седмата позиција во Серија А, односно девет помалку од четвртопласираниот Милан.