Италијанскиот првак Наполи со 3-1 славеше на гостувањето кај Верона. Нашиот Елиф Елмас не беше ниту на клупата на овој натпревар поради повреда на задната ложа.
Иако за Македонија одигра два натпревари во паузата за репрезентации, Елиф Елмас на денешниот меч на Наполи не се најде ниту на клупата.
Спортскиот директор на клубот, Мауро Мелусо потврди дека станува збор за мускулна повреда која македонскиот фудбалер ја заработил на вчерашниот тренинг.
Повредата не е сериозна и се очекува Елмас да биде во комбинација за натпреварот против Унион Берлин во Лигата на шампионите.
Два гола постигна грузиецот Кварацхелија, еднаш погоди Политано. Почесниот гол за Верона беше дело на Лазовиќ.