Екипата на Арсенал триумфираше со 2-0 над Манчестер Јунајтед и го искористи „киксот“ на Ливерпул кој вечерва во драмата со Њукасл на „Сент Џејмс Парк“ одигра нерешено (3-3). Клубот од северен Лондон уште еднаш потврди дека е специјалист за прекини, позиција која беше кобна на Јунајтед на „Емирејтс“.

После два корнери во вториот дел ги Арсенал постигна два голови за домашниот тим и тоа преку Тимбер во 54 минута и Салиба во 73 минута. (ОВДЕ можете да ги погледнете). Ова за Арсенал беше осми триумф со што дојде до 28 поен во шампионатот исто колку што има тимот на Челси, односно двете екипи се на минус седум во однос на водечкиот Ливерпул.

Во истиот термин Астон Вила ја прекина лошата резултатска серија со победа над Брентфорд од 3-1.