Силва има голема желба да се пресели во Барса, ланскиот обид за трансфер не успеа, но летово самиот Португалец притиска на секој начин да дојде во Каталонија, а според информациите двете други многу побогати понуди од ПСЖ и од Саудиска Арабија ги ставил во втор план и воопшто не ги разгледува.
Поради неговата желба, Гвардиола веќе му дал зелено светло на Бернардо да преговара со Барселона, под еден услов Каталонците да пратат прифатлива понуда. Засега не е јасно со колку пари Манчестер сити би бил задоволен за продажба, но веќе се најавуваше дека 80-на милиони евра вкупно би требало да чини трансферот.
Чави Ернандез, пак, од друга страна го одобрил трансферот и чека од раководството да ја заврши работата зашто со Силва, Каталонците би добиле уште повеќе на квалитет во офанзивата.