Ривер плата на две кола до крајот, ја освои титулата во аргентинскиот шампионат откако пред своите гледачи го совладаа Естудијантес со 3:1, а навивачите приредија вистинска фешта на култниот стадион „Монументал“.
На Ривер му беше доволен и еден бод за титулата, но Лукас Белтран уште во втората минута најави дека победата е единствена опција. До полувремето, Де ла Круз и Барко постигнаа голови и на Ривер му донеоа големо водство од 3:0. Во вториот дел, Естудијантес преку Мендеза успеа само да го ублажи поразот.
https://twitter.com/BabaGol_/status/1680483656245338112?s=20
Ова беше 38-ма титула за Ривер, а прва за тренерот Мартин Демикелис. Тој на крајот од минатата сезона ја презеде екипата, наследувајќи го Марсело Гаљардо кој освои дури 14 трофеи.
Навивачите по последниот свиреж на судијата, приредија неверојатна фешта на „Монументал“.
https://twitter.com/mancityhardcore/status/1680504165384986624?s=20
https://twitter.com/LaBaandaCARP/status/1680456592368467968?s=20