Фудбалската репрезентација на Австрија приреди изненадување и го совлада фаворитот Германија со 2-0 во пријателски натпревар кој се одигра на стадионот „Ернст Хапел“ во Виена.

 

Селекторот на Германците, Јулијан Нагелсман, направи експерименти со составот, што придонесе за изненадувачка победа за незгодниот австриски тим кој го совлада соседот со по еден гол во двете полувремиња. Првиот голд беше дело на Марсел Сабицер во 29. минута, а резултатот на паузата беше 1-0 за домаќините.

Второто полувреме не донесе промена, Германија остана со играч помалку по исклучувањето на Лирој Сане во 49. минута, а потоа Австрија успеа да ја обезбеди победата со голот на Баумгартнер во 73. минута, со што беа поставени конечните 2-0 на овој натпревар.

Ова беше дури петти пораз за Германија во последните десет натпревари и нивната форма е променлива и загрижувачка пред Европското првенство, чие домаќини се токму тие.