Хрватска ја победи Ерменија со 1-0 и директно се  пласира на ЕП 2024 што ќе се одржи во Германија.

За „коцкестите“, тоа ќе биде шесто европско првенство по ред и вкупно седмо од осамостојувањето од кога пропуштија само едно првенство, она во 2000 година во Белгија и Холандија.

Овој натпревар има историско значење бидејќи беше последен квалификациски во кариерата на Лука Модриќ. Плејмејкерот на Реал најави дека ќе го одигра уште Европското првенство и потоа заминува во репрезентативна пензија, на 39-годишна возраст.

Од целата ситуација извиси Велс, кој дома одигра реми 1-1 со Турција и ќе патува во баражот за Европското првенство. Турците поради бодот со Островјаните завршија како првопласирани во групата во која е и Хрватска, која е втора.

Романија во директна пресметка за врвот во групата со 1-0 ја победи Швајцарија  во Букурешт и ќе се најде во вториот шешир на ЕП 2024.

 

Грција и Франција во дуел кој не решаваше ништо одиграа 2-2, Холандија очекувано го торпедира Гибралтар (6-0), а Израел освои три бода кај Андора (2-0). Косово дома изненадувачки загуби од селекцијата на Белорусија (0-1).

РЕЗУЛТАТИ

Андора – Израел 0-2
Гибралтар – Холандија 0-6
Грција – Франција 2-2
Хрватска – Ерменија 1-0
Косово – Белорусија 0-1
Романија – Швајцарија 1-0
Велс – Турција 1-1