Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година ремизира без голови против Австрија во пријателски натпревар.
По поразот од Грузија (0-1) во квалификациите, избраниците на Драган Канатларовски малку го поправија впечатокот на овој тест натпревар против Австријците.
Сепак, останува фактот дека по одличниот почеток на циклусот, младите фудбалери стагнираат во формата.