Фудбалските репрезентации на Словенија, Италија и Чешка стигнаа до позитивни резултати во директните дуели со Казахстан, Украина и со Молдавија, и се пласираа на Европското првенство кое следната година ќе се игра во Германија.
Ное 21, 2023 | Фудбал
Фудбалските репрезентации на Словенија, Италија и Чешка стигнаа до позитивни резултати во директните дуели со Казахстан, Украина и со Молдавија, и се пласираа на Европското првенство кое следната година ќе се игра во Германија.
Данска претходно обезбеди пласман на ЕВРО 024 од групата Х, додека Словенија и Казахстан одлучуваа за вториот патник во директна пресметка во Љубљана. На Словенија и беше доволен бод, а на крајот победи со 2-1 во драматична завршница.
Бенјамин Шешко ги доведе Словенците во водство во 41. минута. Рамазан Оразов израмни во 48. минута, а Бенјамин Вербич во 86. минута постигна гол за голема победа на Словенија.
На Казахстан му беше потребна победа, но не успеа, па заедно со Финска ќе оди во дополнителни квалификации.
Украина играше со Италија во Леверкузен во директен решавачки дуел за втората позиција. На Италија и беше доволен и бод, додека Украина мораше да победи за директно да се пласира на ЕП. Натпреварот заврши нерешено 0-0, а Украина ќе мора да помине преку дополнителни квалификации кои Италијанците ги избегнаа со ова реми.
Од претходно се знаеше дека Албанија оди на ЕВРО 2024 директно од групата Е. Вториот патник беше решен на мечот меѓу Чешка и Молдавија. На Чесите им беше доволен и нерешен резултат, но на крајот победија со 3-0. Полска ќе оди во дополнителни квалификации, а Молдавија и Фарски Острови ги заземаат последните две позиции.