Мајами беше местото каде се судрија тимовите на легендарниот Роналдињо и Роберто Карлос, место каде Бразилците собраа многу ѕвезди од минатото и сегашноста кои можеа да се опуштат, да покажат што знаат да умеат, да направат шоу.
Средбата заврши со триумф на тимот предводен од Карлос со 12-10, но тоа секако беше во втор план. Од таа средба „ЕСПН“ ја извади мајсторијата на Роналдињо, славниот ас одлично се снајде против Видал и Милитао, па по топката која ја доби од Дибала рутински реализираше по што следуваше радост и препознатлив танц.