Поранешниот италијански шампион Интер игра извонредна сезона во Серија А и тоа го потврди на гостувањето во Рим каде што триумфираше против Лацио со 2-0.

Натпреварот беше израмнет, но Интер ги искористи своите шанси и на два пати неговите напаѓачи ја затресоа мрежата на голманот Проведел. Најпрво  аргентинецот Лаутаро Мартинез ја затресе мрежата на Лацио во 40. минута, а победата ја потврди Маркус Турам во второто полувреме.

Интер со оваа победа се зацврсти на првото место во Серија А со 41 бод, односно четири повеќе од Јувентус, додека Лацио е на 11. позиција со 21 освоен бод.

 

Интер се одлепи на врвот на табелата со четири бода предност во однос на Јувентус. Тимот на Симоне Инзаги одигра уште еден одличен меч и заслужено стигна до триумф.

Лацио во финишот остана со фудбалер помалку откако Лазари доби црвен картон во 88.минута.