Тренинзите на професионалните фудбалери често се обична рутина пред секој официјален натпревар на највисоко ниво, но шпанците Гави и Лапорт се погрижија за најдобра најава пред дуелот со Норвешка.
Фудбалерите на Барселона и Манчестер Сити презентираа неверојатна техника и направија традиционалната вежба „без да падне“ да изгледа неверојатно атрактивно, пред се поради потезите кои ги изведоа.
Гави и Лапорт стоеја на голема далечина и си испраќаат тешки топки во неколку наврати, но со својата умешност успеваа да ја задржат топката во воздух.
Видеото е објавено од официјалниот Твитер профил на шпанската фудбалска Федерација, а истото доби илјадници споделувања од фановите кои останаа импресионирани од содржината.
Шпанија гостуваше во Осло кај селекцијата на Норвешка, па со победата од 1-0 токму со голот на Гави обезбеди пласман на Европското првенство.
https://twitter.com/i/status/1713291083159937320
https://twitter.com/i/status/1713291083159937320