Причина за тоа е неверојатната и нестварна завршница на дуелот, на кој Сарагоса беше лидер во Ла Лига2 до 97-та минута, а потоа испушти се од свои раце поради фаталната грешка на нивниот голман.
Пусан не беше доволно внимателен и не сфати дека еден играч на Спортинг остана зад неговиот грб, па кога ја пушти топката пред себе, Пабло Инсуа му се прикраде и израмни на 2:2 во 97-та минута.
Ова предизвика вистинска ерупција на „Ел Молинон“, а голот брзо стана најкоментирана вест на Пиринеите.