Македонскиот репрезентативец од италијанскиот шампион Наполи, Елиф Елмас изјави дека на утрешниот натпревар против Ерменија тој и неговите соиграчи ќе го дадат максимумот иако е пријателски натпревар.
Утре од 15 часот во Струмица, Македонија ја пречекува Ерменија. Играчот за врска Елиф Елмас вели дека наѓата цел победа, но и натпреварот да биде подготовка за двата последни квалификациски дуели кои ги играме во ноември, со Италија и Англија.
„Играме еден натпревар со доста добар противник каков што е Ерменија, секогаш кога играме за репрезентацијата одиме на победа. Како и претхдоно, ќе излеземе сите заедно, сплотени, ќе одиграме добар натпревар и се надевам дека ќе победиме“, вели Елмас на денешната прес-конференција.
„Против Украина загубивме меч во добра игра, но кога играш за репрезентација секој натпревар е важен, па така и утрешниот за нас е важен. Максимално ќе влеземе и овој меч може да послужи за добра подготовка за дуелите со Италија и Англија“.