Фудбалерите на римски Лацио успеаја да слават над Верона (1-0) во рамки на 34. коло од Серија А и ја продолжија трката за едно од местата кои водат во Лигата на шампионите.
На „Олимпико“ немаше возбудлив натпревар. Верона играше доста дефанзивно, па фаворитот на хартија мораше да се мачи се до финишот на вториот дел кога го постигна победничкиот гол.
Бедемот на Верона се урна кога во 72. минута Луис Алберто го проигра Закањи, а поранешниот играч на Верона го постигна голот.
Лацио е шести во Серија А со 55 бода, пред него е Рома со 58 бода, но со натпревар помалку.