Актуелниот англиски шампион Манчестер Сити оствари победа (0-2) на гости против Нотингем Форест и повторно е на бод негатива во однос на лидерот Арсенал. Сепак, граѓаните“ имаат еден одигран натпревар помалку и сами ќе решаваат за одбрана на титулата во Премиер-лигата.

Јошко Гвардиол со гол во 32.минута донесе предност за Манчестер Сити, а триумфот го потврди Ерлинг Халанд во 71.минута од дуелот. Двоен асистент беше белгискиот ас Кевин де Бруин.